Дома Фудбал Сцена која одамна ја чекавме: Повеќе од 20.000 навивачи на Вембли

Сцена која одамна ја чекавме: Повеќе од 20.000 навивачи на Вембли

Челси и Лестер вечерва на Вембли го играат финалето во ФА Купот.

После долго време конечно на трибините во Англија ќе се вратат навивачите, а овој натпревар на трибините ќе го следат 21.000 среќници.

Повеќе од година дена помина откако се затворија трибините на стадионите во Англија. Имаше некои обиди да се вратат навивачите, но пандемијата не го дозволи тоа.

Сепак, после попуштањето на мерките одлучено е во финалето на ФА купот да има навивачи и навистина е добро да се видат навивачите таму каде што им е местото.

Исто така, во последните две кола во Премиер лигата домашните екипи ќе имаат можност да ги угостат навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливаја во нова улога, Хајдук добива пофалби: Најдобар состав во последните години?

По убедливите 5:0 против Горица, Ведран Јеше го пофали составот на Хајдук, а потегот на Га…