Томас Тухел од кога дојде во Челзи на местото на Френк Лампард буквално ги препорди „сините“.
Германецот во клубот е само половина година, а веќе успеа да направи значителни промени. Под негово водство тимот напредуваше на сите полиња, од играта до резултатите и на „Стенфорд Бриџ“ затоа сакаат да го продолжат договорот со него.
Новинарот на „Билд“ Кристијан Фалк објави дека по крајот на сезоната Тухел ќе добие договор со важност до 2024 година. Неговиот сегашен договор е на 1.5 година и беше потпишан во јануари кога дојде во клубот на местото на Лампард.