Дома Трансфер зона Даглас Коста се фотографираше во дресот на новиот клуб

Даглас Коста се фотографираше во дресот на новиот клуб

Јувентус изгледа конечно пронајде клуб за Даглас Коста и тоа клубот од младоста на Бразилецот.

Кога минатиот месец првпат се појави можноста Коста да се гласи во Гремио навивачите на овој клуб беа воодушевени. Потоа се огласи од клубот и соопштија дека финансиите не дозволуваат да размислуваат во тој правец. Но, изгледа дека во последните денови работите се промениле – Даглас Коста е на чекор од Гремиo!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилските медиуми пренесуваат дека утрово бил одржан клупски состанок во Порто Алегри на кој присуствувал и самиот Коста. На состанокот биле најважните луѓе на Гремио и менаџерот кој го застапува фудбалерот на Јувентус, Жорж Машадо.

Нема сомневање дека Јувентус ќе се обиде да се ослбоди од Даглас Коста затоа што на тој начин би се ослободиле и од преостанатите две третини од неговата плата кои ги исплаќаат додека е на позајмица.

Кога во прашање е договорот помеѓу Гремио и Коста остануваат само уште детали. Бразилецот наводно се согласил на значително намалување на платата под услов да добие одредени бонуси од продажбата на неговите дресови и маректиншките акции генерално.

Дополнителна потврда дека работата е скоро завршена е фотографијата која Коста ја објави на социјалните мрежи во дресот на Гремио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…