Македонија ова лето за првпат ќе игра на едно Европско првенство, а британскиот таблоид „Сан“ сега ги анализираше групите на овој турнир.
Англичаните имаа пофалби за македонската репрезентација, но и покрај тоа не очекуваат да ја поминеме групата во која сме со Холандија, Австрија и Украина.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Според системот првите две од шесте групи одат во осминафинале, како и четири од шесте најдобро третопласирани. „Сан“ прогнозира дека Македонија ќе испадне во групната фаза заедно со Велс, Финска, Чешка, Словачка, Уунгарија, Русија и Австрија.
„Групата Ц каде што се Холандија, Австрија, Украина и Македонија изгледа навистина изедначено затоа што има три селекции кои се тука-некаде во квалитет. Посебно затоа што Холандија ќе биде без Ван Дајк. Македонија на фантастичен начин стигна до ЕП, ја победија Германија во мундијалските квалификации и не смеат да бидат потценети. Сепак, треба да се спомене дека успех за Македонија е самиот пласман на ЕП“, стои во анализата на „Сан“.