Дома Фудбал Останато Навивачите разочарани поради „двојната игра“ на УЕФА

Навивачите разочарани поради „двојната игра“ на УЕФА

По неколку дена шпекулации пристигна официјална потврда од УЕФА дека финалето во Лигата на шампиони ќе се одржи во Порто.

Истанбул и втора година по ред остана без организација на големото финале поради проблемите со вирусот кои се појавија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УЕФА потврди дека финалето ќе се игра пред публика. Навивачите на Манчестер Сити и Челзи треба да добијат по 6.000 влезници за дуелот, додека останатите ќе бидат доделени на неутралните навивачи.

Никој не е задоволен со одлуката на УЕФА затоа што игра двојни игри. Финалето во португалскиот Куп меѓу Брага и Бенфика ќе се одигра шест дена пред финалето во ЛШ, но на него нема да има публика.

Ова предизвика револт кај португалските навивачи, кои се прашуваат зошто може УЕФА да носи навивачи од странство на финале во ЛШ, но не може да присуствуваат домашни навивачи на португалскиот Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…