Дома Македонски спорт Мак фудбал Панчев за „пропаста“ на Вардар, грешните потези, и слабата помош од државата

Панчев за „пропаста“ на Вардар, грешните потези, и слабата помош од државата

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го допре дното и испадна во Втората лига, а клубот има големи финансиски проблеми.

Иако Вардар пред три сезони играше во групната фаза во Лига Европа, сепак од тогаш до денес се сменија премногу работи во најтрофејниот македонски тим.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев зборуваше за ситуацијата во Вардар во интервју за „Моцартспорт“.

„Кога се пласиравме во Лига Европа, им реков на луѓето во клубот дека немаме конкурентен тим за такво нешто. Добивме пет милиони евра од УЕФА, но тоа беше доволно само за буџет за следни три сезони. Реал Сосиедад ни даде шест гола, а одигравме реми само со Розенборг“, вели Панчев.

Дарко Панчев објаснува дека сопственикот на клубот влечел погрешни потези, а за пропаста ја обвини и државата.

„Друга песна ќе беше ако го имаме Александар Вучиќ. Претседателот на Србија го сака спортот, но многу е поважно да се препознаат спортските успеси за секоја држава. Ја следам ситуацијата во Србија, гледам колку Вучиќ и државата му помагаат на фудбалот“, додаде Панчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…