Каталонските медиуми пренесуваат дека на крајот на сезоната Барселона може да му врачи отказ на тренерот Роналд Куман.
Управниот одбор смета дека Куман е најголем виновник за лошите резултати и го обвинува за слаби тактички решенија, како и лоши измени во текот на натпреварите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако пред само две недели неговото место изгледаше сигурно, сепак работите се променија откако во последните натпревари Барса ја пропушти шансата да се искачи на врвот на табелата.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека Лапорта веќе ја започнал потрагата на нов тренер и дека во конкуренција се седум имиња.
Весникот пренесува дека на списокот се наоѓаат Чави, Жорди Кројф, Јирген Клоп, Марсело Гаљардо, Гарсија Пимиента, Габриел Милито и Тиери Анри.
Who could take over at Barca if Koeman goes? https://t.co/R0jov2AOvz
— SPORT English (@Sport_EN) May 12, 2021