Се погласни се шпекулациите дека Кристиано Роналдо ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната, особено ако „бјенконерите“ не изборат пласман во Лигата на шампиони.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Роналдо синоќа го постигна 100. гол во дресот на „старата дама“, а на лето најверојатно ќе го напушти клубот. Португалецот често се поврзува со ПСЖ и Манчестер Јунајтед, но и Спортинг Лисабон.
Тоа би го сакала и неговата мајка Долорес, кој ќе се обиде да го убеди Роналдо да се врати во Лисабон.
„Утре одам кај него во Торино и ќе го убедам да се врати. Сакам да се врати во клубот“, изјави Долорес за португалските медиуми.
Спортинг Лисабон после подолго време ја освои шампионската титула и наредната година ќе игра во Лигата на шампиони.