Дома Фудбал Останато Нејмар: Сакам да играм со Роналдо

Нејмар: Сакам да играм со Роналдо

Нејмар неодамна стави потпис на нов договор со ПСЖ и од претседателот побарал да бидат донесени големи фудбалски имиња.

Многу фудбалски ѕвезди се поврзуваат со трансфер во Пари Сент Жермен, а Нејмар не крие дека сака да игра заедно со Кристиано Роналдо.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Сакам да играм со Кристиано Роналдо. Имам играно покрај големи фудбалери како Лео Меси и Килијан Мбапе, но никогаш не сум играл покрај Роналдо“, истакна Нејмар.

Иднината на Роналдо во Јувентус е неизвесна и се погласни се шпекулациите дека може да ја промени средината ова лето.

Токму ПСЖ важи како фаворит за неговиот потпис бидејќи „светците“ имаат финансиска моќ да го донесат во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јамал го избра најдобриот тим на Барселона во историјата (Фото)

Талентираниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал, го избра најдобриот состав на Барселона …