Манчестер Сити вчера и официјално ја освои титулата во Премиер лигата.
Тренерот Пеп Гвардиола не ја криеше радоста и истакна дека ова е најтешката титула која ја освоил во Премиер лигата.
Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
„Ова беше сезона и титула како ниту една досега.Беше најтешко освоена, секогаш ќе ја паметиме поради начинот на кој ја освоивме. Навистина сум горд што сум менаџер на оваа група фудбалери, да ги надминат сите потешкотии и рестрикции и да покажат ваков континуитет е навистина неверојатно“, истакна Пеп.
„На почетокот на секоја сезона, токму титулата во Премиер лигата ни е најважна. Мора да играте секој трет ден, против сите ривали на домашен и гостински терен и навистина треба да имате добри резултати цела сезона за да бидете најдобри. Но, бидете сигурни дека ќе се обидеме да ја освоиме и Лигата на шампионите“, додаде Гвардиола.