Дома Трансфер зона Клоп не се откажува – Испраќа нова понуда за најголемата желба!

Клоп не се откажува – Испраќа нова понуда за најголемата желба!

Јирген Клоп е одлучен во својата намера да ја доведе својата најголема желба.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фудбалскиот клуб Ливерпул повторно ќе испрати понуда за Наби Кеита од Лајпцинг. Германскиот клуб ја одби првата понуда на „црвените“ од 65 милиони евра, но Клоп сега е спремен да понуди 10 повеќе.

Кеита истовремено побара од Лајпцинг да го пуштат во Ливерпул и така да го оствари својот голем сон.

Лајпцинг за сега одолева на понудите со објаснување дека не е во финаниска криза и дека нема потреба да ги продава своите најдобри фудбалери, напротив богатите газди имаат намера да направат конкурентен тим за во Лигата на шампионите наредната сезона.

Ќе видиме дали Клоп и Кеита со заеднички сили, покрај понудата од 75 милиони евра ќе успеат во намерата Кеита да се пресели на „Енфилд“.

Да потсетиме, Ливерпул ова лето го доведе Мохамед Салах од Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…