Дома Топ вести Понудата испратена, Милан преговара со Де Паул

Понудата испратена, Милан преговара со Де Паул

Милан веќе почна да работи на засилувањата за следната сезона, а една од примарните цели на „росонерите“ ќе биде ѕвездата на Удинезе, Родриго де Паул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Паул игра фантастично во Удинезе и оваа сезона, па на лето сигурно ќе направи трансфер.

Пиоли смета дека Аргентинецот ќе му го донесе потребниот квалитет на средината на теренот бидејќи Де Паул може да игра на повеќе позиции во средниот ред.

Удинезе за неговата слобода бара 40 милиони евра, а Милан сака во зделката да го вклучи и Петер Хауге.

Имено, „росонерите“ нудат кеш плус Петер Хауге, кој оваа сезона постигна 8 гола и покажа дека е голем талент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…