Дома Фудбал Англија Нов фаворит за тренер на Тотенхем

Нов фаворит за тренер на Тотенхем

Тотенхем е во потрага по нов тренер за следната сезона, а погледите го насочува кон Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После отказот на Мурињо, „спарси“ бараат познато тренерско име за следната сезона, а откако пропадна можноста да го ангажираат Тен Хаг од Ајакс, сега ќе се насочат кон Симоне Инзаги.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Инзаги во моментов е прв фаворит за тренерското столче во Тотенхем.

Инзаги неколку години со успех го води Лацио, но одолговлекува со потпишување нов договор токму поради фактот што очекува понуда од Англија.

Наводно раководните луѓе од Тотенхем стапиле во контакт со агентот на Италијанецот и ги започнале преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…