Раководството на Манчестер Јунајтед успеа да го убеди Едисон Кавани да остане на „Олд Трафорд“ уште една година, потврдија бројни медиуми.
Изминатите денови се тврдеше дека Кавани сигурно ќе си замине од „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната и дека има договор со Бока Јуниорс.
Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
Меѓутоа, Манчестер Јунајтед значително ја подобри понудата и успеа да го убеди Кавани да остане уште една сезона.
Уругваецот ставил потпис на договор до јуни 2022 година според кој ќе заработува 250.000 фунти неделно, што е за 50.000 повеќе од актуелната плата.
Солскјер го одредил Кавани како приоритет, па поради тоа „црвените ѓаволи“ направија се за да го задржат уште една година.
Edinson Cavani has signed his contract extension with Manchester United, here we go! 🚨🇺🇾 #MUFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 10, 2021
The agreement has been completed, Cavani has accepted to stay after Man Utd board and Solskjaer were pushing to keep him. Confirmed and done deal. 🔴 #ManUtd #Cavani