Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар испадна во Втора лига!

Вардар испадна во Втора лига!

Најтрофејниот македонски клуб Вардар од денес и официјално е второлигаш.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вардар загуби на гостувањето во Струга (1:0) во рамките на 32-то коло, резултат кој ги носи „црвено-црните“ еден ранг подолу.

Струга успеа да го победи најтрофејниот македонски клуб со голот на Алтипармаковски и се наоѓа на третото место на табелата па ќе се бори за излез во Европа.

Испаѓањето на Вардар во Втора лига е само кулминација на хаосот кој владее во најтрофејниот македонски клуб.

Вардар и во 2011 година испадна од првата лига, но тогаш административно беше спасен откако се фузира со Миравци.

Пред неколку години Вардар играше и во групната фаза од Лига Европа, но во последно време е во лоша финансиска состојба и со многу долгови.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…