Дома Фудбал Англија Јунајтед му нуди „богатство“ на Кавани за да остане

Јунајтед му нуди „богатство“ на Кавани за да остане

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе му понуди значително зголемување на платата на Едисон Кавани, за да го убеди Уругваецот да остане на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изминатите денови се тврдеше дека Кавани сигурно ќе си замине од „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната и дека има договор со Бока Јуниорс.

34-годишниот Уругваец сега е подготвен да остане во Манчестер Јунајтед. Кавани и неговите агенти се подготвени да преговараат со Манчестер Јунајтед пред крајот на сезоната.

Во моментов Кавани на „Олд Трафорд“ заработува 200.000 фунти неделно, а Јунајтед му нуди дополнители 50.000 фунти секоја седмица. Тоа значи дека следната сезона платата на напаѓачот ќе биде повисока за 2,5 милиони фунти.

Солскјер го одредил Кавани како приоритет, па сега „црвените ѓаволи“ прават се за да го задржат и следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…