Дома Фудбал Клоп: Четвртото место не е невозможна мисија

Клоп: Четвртото место не е невозможна мисија

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали својот тим после победата над Саутемптон и изјави дека „црвените“ може да стигнат до 4-то место.

Клоп верува дека математички постојат шанси, но истакна дека ќе му требаат четири победи во последните четири кола.

„Не сум сигурен дали ќе обезбедиме пласман во Лигата на шампиони, но едно е сигурно, мора да ги добиеме натпреварите што не чекаат и мислам дека ако обезбедиме четири победи, тоа може да биде доволно“.

„Сепак, шансите за нашиот тим ги гледам само затоа што Лестер игра против Тотенхем, а Тотенхем против Челзи. Ќе биде тешко, но не е невозможно. Оваа победа беше многу важна за нас“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси не забавува ни на 39: Со мајсторија донесе пресврт и второ место за Интер Мајами

Аргентинецот асистираше, па погоди во 83. минута за победа од 2:1 кај Њу Ингланд. Сезонава…