Дома Фудбал Италија Mихајловиќ: На Мурињо во Рома му треба тим, големите играчи прават големи тренери

Mихајловиќ: На Мурињо во Рома му треба тим, големите играчи прават големи тренери

Mурињо на 19. Април доби отказ во Тотенхем, а во вторникот беше објавено дека од наредната сезона ќе ја води Рома.

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ денес процени дека ќе му биде тешко во Рома, но дека неговото враќање е добро за италијанскиот фудбал.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Среќен сум што се враќа, тоа е добро за италијанскиот фудбал. Тој има харизма и карактер, а работата во Рома е предизвик за него. Ќе видиме како ќе му оди. Него му е потребен тим затоа што големите играчи прават големи тренери. Рома заслужува пофалби затоа што никој не очекуваше вакво нешто“, изјави Михајловиќ за италијанските медиуми.

Во Италија Мурињо работеше од 2008 до 2010 година во Интер со кој освои две титули во Серија А, Лига на шампиони, Куп на Италија и Суперкуп на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aнчелоти за лошото деби на клупата на Бразил го обвини – теренот!

Карло Анчелоти на своето дебитантско селекторско искуство за Бразил оствари нерешен резулт…