Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер го крена гласот против интензивната програма на неговиот тим.
„Црвените ѓаволи“ ќе играат четири натпревари за само една недела. Синоќа играа против Рома, а веќе во недела му гостуваат на Астон Вила. Во вторник го дочекуваат Лестер, а два дена подоцна ќе го играат дербито со Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова е невидено. Програмата ја правел некој кој никогаш не играл фудбал на вакво ниво. За фудбалерите е физички невозможно да играат во четврток, во недела, во вторник и повторно во четврток. Ќе се обидеме да играме што е можно подобро, имаме потреба од сите фудбалери“, изјави Солскјер.