Дома Фудбал Италија Ериксен: Пред шест месеци сакав да заминам, но сега сум среќен

Ериксен: Пред шест месеци сакав да заминам, но сега сум среќен

Данецот Кристијан Ериксен имаше тежок почеток на кариерата во Интер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Многу се пишуваше дека ќе го напушти клубот, дури такви беа најавите и од спортскиот директор Бепе Марота. Сепак, во меѓувреме Ериксен успеа да се пронајде себеси во Интер и да стане еден од главните играчи.

Како што вели сега работите се променети и тој е среќен.

„Пред шест месеци бев пред заминување, но сега сум среќен со Конте. Добро соработуваме и сакам да останам“, изјави Ериксен.

Иако не изгледа реално, во медиумите се шпекулира дека Конте може да замине, па Ериксен доби прашање и на таа тема.

„Не знам дали ќе остане, тоа зависи од него и од клубот, заедно ќе одлучат“, одговори Данецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерите и ракометарите на Вардар заеднички ќе ги слават титулите!

По завршувањето на саботниот дуел меѓу ФК Вардар и ФК Шкендија, „црвено-црните“ ќе ја стар…