Дома Фудбал Што правеше Фернандеш за време на хаосот на Олд Трафорд?

Што правеше Фернандеш за време на хаосот на Олд Трафорд?

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш откри што правел додека навивачите протестираа на Олд Трафорд пред дербито со Ливерпул.

Фудбалерите на двата тима се подготвуваа за натпреварот, и добија информации за тоа што се случуваше на стадионот. За среќа тие сè уште беа во своите хотели и избегнаа средба со навивачите на стадионот.

„Бев во мојата соба и воопшто не се обидов да излезам затоа што луѓето од осигурувањето ни кажаа да останеме во собите. Не знам дали некој од играчите се обиде да излезе и да види што се случува”, изјави Фернандеш и додаде.

“Што правев? Искрено, го гледав натпреварот помеѓу Удинезе и Јувентус. Чекав да видам дали ќе играме, но брзо пристигна информација дека натпреварот се одложува и тоа е тоа”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Натхо без трофеј со Партизан: Во нормални услови ќе имавме барем две титули!

Бибарс Натхо смета дека неговите седум години во Партизан заслужувале поинаков трофеен епи…