Дома Топ вести Јунајтед ќе ги смирува фановите со трансферот на Кејн

Јунајтед ќе ги смирува фановите со трансферот на Кејн

Сопствениците на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер ќе се обиде да го смири фановите со големи трансфери ова лето.

Во неделата фановите започнаа протсест против американските сопственици, влегоа на „Олд Трафорд“ и не дозволија да се одигра дербито со Ливерпул.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сопствениците на Јунајтед немаат намера да ги продадат акциите на клубот туку планираат да ги смират фановите со трансферот на Хари Кејн, кој е трансфер цел број еден.

Кејн игра уште една фантастична сезона за Тотенхем и до сега има постигнато 31 гола во сите натпреварувања, но не е задоволен од резултатите на тимот.

Кејн е спремен на лето да ја промени средината и преферира да остане во Англија, па Манчестер Јунајтед сака да ја искористи таа ситуација и спрема понуда од 90 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…