Италијанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“, но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“, но двете страни се далеку од договор. Ситуацијата будно ја следи Атлетико Мадрид кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на „Ванда Метрополитано“.
Милан неодамна ја подобри понудата за турскиот репрезентативец и сега се чека одговор од Чалханоглу, кој има и други понуди.