Иднината на Пол Погба се уште е главна тема бидејќи Французинот би можел на крајот на сезоната да го напушти Манчестер Јунајтед.
Најави за нов договор нема, а Погба сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.
„Кралевите“ веќе подолго време се заинтересирани за Французинот, но никако не можат да најдат заеднички јазик со Манчестер Јунајтед.
Суперагентот Мино Раиола има предлог за двата клуба и им предлага да направат трампа помеѓу Погба и Еден Азар.
„Секако дека таква трампа е возможна од мој аспект, но прашајте во Реал Мадрид“,изјави Раиола.