Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Роберт Левандовски би можел ова лето да го напушти Баерн Минхен.
Како што пренесува дека германски „Скај“, Левандовски сериозно размислува да го напушти Баерн Минхен бидејќи сака нова авантура во својата кариера.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Менаџерот на Левандовски, Пини Захави сака да преговара со заинтересираните клубови,а цената на Полјакот би била 60 милиони евра.
Јулијан Нагелсман ќе биде нов тренер на Баерн од следната сезона, па сигурно сака да го подмлади тимот, а тоа значи дека Левандовски може да биде продаден.
Како негова следна дестинација се споменува Реал Мадрид, кој е во потрага по квалитетен напаѓач.
Левандовски има 32 години, но сигурно би играл уште неколку добри сезони, а оваа сезона постигна 43 гола на 37 натпревари.