Дома Фудбал Зидан добива нов договор и поголеми овластувања

Зидан добива нов договор и поголеми овластувања

Зинедин Зидан со голем успех го води Реал Мадрид и стана еден од најуспешните тренери во историјата на „кралскиот“ клуб.

Поради тоа претседателот Флорентино Перез е спремен да му понуди нов договор до 2024 година, притоа Зидан да добие многу поголеми овласувања.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ел Конфиденсијал“ објави дека Зидан ќе добие соработка на нови три години, но и проширени овластувања, па Французинот ќе учествува директно во бирање на нови фудбалери, а ќе има право и да бира кои фудбалери да се продаваат и на кои да им се продолжат договорите.

„Не можам да размислувам далеку во иднината. Може да потпишете и договор на 10 години, па утре да добиете отказ. Или да потпишете на една година, па да останете 10“, вели Зидан.

Автор: Петре Кузманоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар го продолжи договорот со Сантос до Светското првенство 2026

Изгледа дека Нејмар стави крај на шпекулациите за премин во Интер Мајами или враќање во Ев…