Во италијанските медиуми вчера се појави информација дека Милан би можел да го отпушти тренерот Стефано Пиоли поради послабите резултати во последно време.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меѓутоа денес стигнуваат поинакви вести. Медиумите блиски до клубот од Милано пренесуваат дека „росонерите“ нема да го отпуштат Пиоли дури и ако тимот не се избори за место во Лигата на шампионите.
Борбата за место во ЛШ во Серија А ќе биде и тоа како возбудлива и веројатно неизвесна до последното коло. После 33 кола Милан е петти со 66 бодови колку што имаат Наполи и Јувентус, Аталанта е втора со 68 бода, но тука е и Лацио кој е шести со 62 бода и натпревар помалку од конкурентите. На врвот се „одлепи“ Интер со 79 бодови.
Пиоли има договор со Милан до јуни 2022 година и се очекува сигурно да остане најмалку до истекот на истиот.