Суперагентот Жорге Мендеш работи на тоа менаџерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто да седне на тренерското столче во Тотенхем.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После отказот на Жозе Мурињо „спарси“ наместија привремен тренер и се во потрага по нов менаџер за следната сезона.
Санто има договор со „волците“ до 2023 година, но сака да се пресели во Тотенхем, па целата операција ја води Жорге Мендеш.
Мендеш е во контакт со Тотенхем и веќе работи на тоа да го ослободи Санто од Волвс без отштета за да може тренерот да потпише со „спарси“.
Тој веќе нашол нов тренер за Вулверхемптон, а станува збор за Бруно Лаже, кој е бив тренер на Бенфика.