Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа 10 натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со доминацијата продолжи Никола Јокиќ. Неговиот Денвер славеше против Њу Орлеанс Пеликанс со 114:112, а Јокиќ повторно беше прво има на натпреварот со 32 поени, седум скокови и осум асистенции.
Одлична вечер имаше Никола Вучевиќ, Црногорецот постигна 26 поени и собра 18 скокови, но тоа не беше доволно затоа што неговиот Чикаго беше поразен од Њујорк Никси со резултат 113:94.
Бил со 27 поени и Лен со 18 поени и девет скокови го предводеа Вашингтон до победа против Лејкерси со резлтат 116:107. Во редовите на Лејкерси Ентони Дејвис постигна 26 поени.
Неверојатен натпреар одиграа кошаркарите на Јута кои против Сакраменто постигнаа дури 154 поени. Сакраменто беше декласиран со 105:154. Неколку играчи кај Јута беа поентерски расположени, а најефикасен беше Бојан Богдановиќ со 24 поени. За Јута оваа беше реордна поентерска вечер.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Орландо 104:109, Филаделфија – Атланта 127:83, Бостон – Шарлот 120:111, Њујорк – Чикаго 113:94, Вашингтон – Лејкерси 116:107, Мајами – Сан Антонио 116:111, Денвер – Њу Орлеанс 114:112, Мемфис – Портланд 109:130, Феникс – Клиперси 109:101, Сакраменто – Јута 105:154