Во еден момент сезонава во Серија А изгледаше дека Милан сигурно чекори кон Скудетото после долго време, но така беше некаде до после половина од сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поточно, до натпреварот со Црвена Звезда Милан изгледаше одлично, а тогаш започна еден пад во тимот на Пиоли. Во овој момент Милан е на ист број со Наполи и Јувентус, но е надвор од топ 4 во Серија А.
Според пишувањето на „Калчомеркато“ и „Газета Дело Спорт“, Стефано Пиоли би можел да остане без работа ако не избори место во ЛШ. Ако погледнеме како игра Милан во последно време се е можно.
Пиоли со Милан беше зимски шампион и потпиша договор до 2022 година, меѓутоа сега не му оди. Како најсериозен кандидат да го наследи ако замине во овој момент се споменува Иван Јуриќ.