Дома Топ вести Роналдо заминува ако Јувентус не обезбеди пласман во ЛШ

Роналдо заминува ако Јувентус не обезбеди пласман во ЛШ

Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо со сигурност ќе го напушти клубот, ако тимот не успее да избори пласман во Лигата на шампиони за следната сезона, пренесува „Тутоспорт“.

„Бјанконерите“ ќе водат голема битка за пласман во Топ 4 до крајот на сезоната. Моментално се наоѓаат на четвртото место, но со ист број бодови како Наполи и Милан.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Роналдо се почесто го покажува своето незадоволство од слабите партии на тимот и сака да го напушти Торино, иако има договор за уште една сезона.

Португалецот има плата од 31 милион евра по сезона, што Јувентус тешко ќе може да си дозволи ако игра во Лига Европа.

Раководството на „старата дама“ е спремно да го пушти Роналдо и чека тој да ја донесе конечната одлука, а доколку тимот не заврши во Топ 4, тогаш тој сигурно ќе си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …