Големата ѕвезда на Пари Сент Жермен, Нејмар беше расположен на пресконференцијата пред утрешниот меч со Манчестер Сити.
Нејмар меѓу другото ги реши сите дилеми околку неговата иднина и дека постигнал договор со ПСЖ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Преговорите се завршени за да останам во ПСЖ. Не брзаме никаде, полека ги водевме преговорите со раководството, тука се чувствувам среќно и убаво ми е кога играм за ПСЖ“, откри Нејмар и истакна дека негов приоритет е Лигата на шампиони, а не Златната топка.
„Денеска мојот приоритет е Лигата на шампиони, а не Златната топка. Тоа воопшто не е нешто што први ми паѓа на памет. Она што го сакам е да го освоиме ова натпреварување, тоа е најважното“, додаде Бразилецот.
Neymar has just confirmed his “imminent” contract extension with PSG: “My extension? Everything is almost settled. You know, we're in discussions with PSG… We're not in a hurry. I feel comfortable. I feel really happy here”, he told RMC Sport. 🚨 #PSG @psghub https://t.co/fSGEGKMAYR
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 27, 2021