Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија е прв носител на ждребот за Мундобаскетот

Македонија е прв носител на ждребот за Мундобаскетот

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе ја има улогата на носител на една од групите од претквалификациите за наредниот светски шампионат.

ФИБА денеска го одреди ранкингот, според кој македонската селекција, заедно со Црна Гора, Летонија и Шведска, е меѓу носителите на ждребот кој ќе се одржи утре  во Берлин со почеток во 16.30 часот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тоа значи дека Македонија ќе ги одбегне топ-фаворитите за пласман во следниот круг, квалификациите за Мундобаскетот во 2023 година.

На утрешната ждрепка ќе бидат извлечени четири групи од по три селекции, а натпреварите ќе се играат во август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…