Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски пред Војводина повика шестмина кадети: Ова ќе биде шанса да почувствуваат што значи СЕХА лига

Алушовски пред Војводина повика шестмина кадети: Ова ќе биде шанса да почувствуваат што значи СЕХА лига

Екипата на Вардар1961 денеска патува за Нови Сада во тимот поради репрезентативни обврски нема да бидат: Марко Кизиќ, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Филип Талески, Марко Мишевски, Анте Гаџа, Васко Шеваљевиќ, Иван Чупиќ и Патрик Валчак

Иако значително ослабени тренерот Стевче Алушовски порачува дека неговиот тим е подготвен за овој дуел.


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


„Пролетва е навистина напорен период за нас, имаме постојано натпревари, па овој одложен меч со Војводина треба побрзо да го одиграме за да можеме да го правиме следниот распоред. Ова беше единствен слободен термин, и поради ЕХФ неделата нема да имаме повеќемина репрезентативци кои се со своите национални тимови. Но, и покрај тоа за Нови Сад заминуваме со ракометари кои секако можат и ќе одиграат најдобро. Знаме дека Војводина сигурно ќе игра на максимум, но и ние сме подготвени за она што не очекува. Ова ќе биде и шанса шестмина наши кадети да почуствуваат што значи СЕХА лига. Тие веќе неколку денови тренираат со нас и ќе бидат подготвени за нивното деби“, изјави Алушовски.

Во тимот се приклучени шестмина кадети од тимот предводен од Зоран Петковски. Станува збор за голманот Никола Спасовски (17/181/78), левиот бек Никола Анакиевски (18/92/192), средниот бек Виктор Трифуновски (18/85/88), левото крило Марио Стојановски (17/80/183), пивотот Александар Стојменов (17/85/181) и десното крило Матеј Трајановски (17/80/180).

Фото: РК Вардар/Денис Дуковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонските ракометари поразени во Литванија

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Литва…