Романската фудбалска федерација и организациски комитет на Букурешт за Евро 2021 побарале од министерството за здравство на Романија двојно повеќе гледачи од границата која се одреди 25%.
Од Романија до сега дадоа гаранции за 25% навивачи на натпреварите, но сега е побарано од локалните власти таа бројка да биде поголема. Ако добијат дозвола тоа значи дека ќе има и повеќе билети за македонските навивачи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Букурешт е подготвен да ги организра натпреварите од Евро 2021 сработивме многи и сигурно ќе имаме 12.3000 гледачи на натпреварите, меѓутоа романската федерација поднесе барање тој лимит да се зголеми на 50%“, изјави познатиот Георге Попеску, поранешен репрезентативец од златната генерација на Романија.
Доколку овој предлог биде прифатен тогаш Македонија на Националната Арена во Букурешт ќе игра пред 24.000 гледачи.