Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија е нов шампион, Беласица се пресели во втора лига

Шкендија е нов шампион, Беласица се пресели во втора лига

Фудбалерите на Шкендија ја освоија четвртата титула во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево го победија Борец (3:1).

Тетовчани со победа против Борец ја освоија титулата во ПМФЛ по 2019 година, кога последен пат беа прваци на Македонија.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Шкендија пред мечот имаше предност од 13 бода од Шкупи, кој пак славеше денес над Работнички (2:0).

Иако по првите 45 минути имаше негатива од 0-1 поради автоголот на Бејтулаи, тетовчани во вториот дел направија комплетен пресврт со головите на Мурати, Ибраими и Хебај.

Вардар ја победи Беласица со 1:0 и официјално ја испрати во втора лига, па така остана надеж за „црвено-црните“ дека можат да избегнат испаѓање од лигата.

Автор: Петре Кузманоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Брестовац нема да чека долго – веќе е пред нов ангажман!

Поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац брзо пронајде нов ангажман откако се …