Александер Чеферин, претседателот на УЕФА во интерву за „Дејли Мејл“ најави остри казни кон тимовите кои сакаа да создадат Суперлига.
Чеферин е убеден дека Реал Мадрид, Барселона и Јувентус мора да се соочат со последиците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Секој мора да се соочи со последиците од тоа што го направил и не можеме да лажеме дека ништо не се случило. За мене постои разлика меѓу англиските тимови и останатите шест. Тие први се повлекоа со признавање на грешката. Мора да имате одредена големина да го признаете тоа. По нив следат Интер, Атлетико и Милан, а останатите три веруваат дека Суперлигата постои и Земјата е рамна. Најострите казни ќе бидат за Реал, Јувентус и Барселона“, потврди Чеферин.