Спортскиот директор на Пари Сент Жермен, Леонардо потврди дека се уште не дошол моментпт за конечно решение околу иднината на Килијан Мбапе.
Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува во 2022 година, па двете страни веќе подолго време преговараат за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, младата ѕвезда се уште не донела конечна одлука, иако на лето влегува во последната година од договорот.
„Мбапе се уште има една година од договорот. Се уште не е дојден моментот за конечна одлука. Оптимисти сме и нема причини да не бидеме. Со оглед на тоа што го постигнавме, веруваме дека Мбапе ќе продолжи со нас“, изјави Леонардо.