Дома Фудбал Останато Перез: Ако ја нема Суперлигата некои клубови нема да издржат до 2024

Перез: Ако ја нема Суперлигата некои клубови нема да издржат до 2024

Планот за формирање на Суперлигата засега пропадна, но изгледа дека првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез не се откажува.

Перез и понатаму инсистира дека Суперлигата е проектот кој му е потребен на фудбалот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сакавме со УЕФА да разговараме за деталите, но не ни дозволија да објасниме, не ни дадоа време. Не се случи ништо преку ноќ, три години работевме на овој проект. Тој е планиран со цел да се врати големиот интерес кај навивачите и да се обезбедат пари за сите. Не сакам сега да објаснувам што е договорот, но клубовите не можат така лесно да се откажат затоа што се потпишаа“.

Новиот формат на Лигата на шампионите е најавен да стартува од 2024 година, но Перез порачува дека некои клубови нема да издржат до тогаш.

„Тоа што УЕФА е толку против проектот не е добро и не можам да разберам зошто. 2024 е далеку некои клубови нема да издржат до тогаш“, изјави Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…