Европската куќа на фудбалот (УЕФА) официјално потврди дека Севиља ќе го замени Билбао во улога на домаќин на Европското првенство.
Откако Билбао не можеше да гарантира присуство на навивачи, УЕФА се договори со локалните власти на Андалузија дека натпреварите со капацитет од 30%, што е 20 000 навивачи, ќе се играат на Олимпискиот стадион во Севиља.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По Билбао реши домаќинството на Европското првенство да му го одземе и на Даблин. Главниот град на Ирска требаше да биде домаќин на три натпревари од групата Е, но сите овие мечеви ќе бидат преместени во Санкт Петерсбург.
Мечот од осминафиналето кој требаше да се игра во Даблин ќе биде преместен на „Вембли“.