Дома Фудбал Перез со провокација до Клоп: Валдебебас или Киев исто е – два пати ги победивме со 3:1

Перез со провокација до Клоп: Валдебебас или Киев исто е – два пати ги победивме со 3:1

Флорентино Перез во изминатите денови е во центарот на вниманието затоа што мораше да дава одговори на многу прашања поврзани со Суперлигата.

Перез вчера гостуваше во една шпанска емисија. Зборуваше на рази теми, а во еден момент тема беа Ливерпул и Јирген Клоп.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Менаџерот на Ливерпул при двомечот во четвртфиналето од Лигата на шампионите го критикуваше местото на одигрување на мечот во Мадрид, стадионот Алфредо Ди Стефано.

„Беше чудно да се игра вечерва на ваков стадион. На „Енфилд“ барем ќе играме на вистински стадион и тоа ќе биде добро за нас“, изјави тогаш Клоп.

Сега стигна одговорот од Перез на оваа негова изјава.

„Не знам зошто не го сака Валдебебас. Нас ни е исто. Валдебебас или Киев исто е, два пати ги победивме со 3:1“, порача Перез.

Првиот човек на Реал Мадрид алдуираше на финалето во Лигата на шампионите од 2018 година кога Реал стигна до третата титула во низа шампион на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сенегалски судија стана хит: Погледнете што направи по натпревар од афричката Лига на шампиони (Видео)

Сенегалскиот судија Иса Си примени уникатен пристап за да спречи нереди по неизвесниот нат…