Дома Фудбал Пресврт: Челзи и Сити се повлекуваат од Суперлигата

Пресврт: Челзи и Сити се повлекуваат од Суперлигата

Манчестер Сити и Челзи се повлекуваат од основањето на Суперлигата, потврдија англиските медиуми.

Откако УЕФА и целиот фудбалски свет покажа силен отпор на Суперлигата, Челзи и Манчестер Сити покажале сомнеж за проектот и покренале документација за излегување од истиот.

Наводно двата клуба ги согледале негативните ефекти и фактот дека нивните навивачи се против Суперлигата, па се одлучија на ваков потег.

Наводно овие два клуба биле за Суперлигата само од финансиски аспект, а немале ништо против УЕФА и не сакаат да имаат проблеми со кровната фудбалска организација.

Се очекува на ваков чекор да се одлучат и Манчестер Јунајтед и Барса, а нивната конечна одлука се очекува до петок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двојната круна му донесе ново признание: Киву е најдобар тренер во Серија А

Кристијан Киву ја доби „Златната клупа“ за сезоната 2025/26, а Масимилијано Алвини беше на…