Дома Фудбал Пепе го брани Роналдо: Тие што го критикуваат не знаат колку е тешко да се постигнува 30 гола секоја сезона

Пепе го брани Роналдо: Тие што го критикуваат не знаат колку е тешко да се постигнува 30 гола секоја сезона

Роналдо и Пепе се дел од репрезентацијата на Португалија, а двајцата беа и соиграчи во Реал. Сезонава се сретнаа во Лигата на шампионите каде што се радуваше дефанзивецот кој со Порто го елиминираше Јувентус.

Во овој период многу се пишува за можноста Роналдо да го напушти Јувентус, а Пепе смета дека Португалецот ќе остане во Торино.

„Тие што го критикуваат Роналдо не знаат колку е тешко да постигнувате по 30 гола секоја сезона. Роналдо прави неверојатни работи. Мислам дека ќе остане во Торино и ќе уште ќе ги радува фудбалските фанвои“, изјави 38 годишниот Пепе.

Роналдо сезонава е на бројката од 25 гола во италијанското првенство, а се наближува и до јубилејниот 100-ти натпревар во сите натпреварувања во дресот на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковачиќ повторно во Мадрид? Атлетико ја следи шансата за јануари

Договорот на хрватскиот играч за врска со Манчестер сити завршува на крајот од сезоната, а…