Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ набави 15.000 илјади фудбалски топки, најголемата набавка досега целосно наменета за клубовите од МФЛ

ФФМ набави 15.000 илјади фудбалски топки, најголемата набавка досега целосно наменета за клубовите од МФЛ

Фудбалската федерација на Македонија ќе им донира и веќе е започната распределбата на вкупно 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (1 МФЛ, 2 МФЛ, Трети лиги, младински конкуренции и Женска фудбалска лига).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Две илјади фудбалски топки ќе се распределат за клубовите од 1 и 2 МФЛ, 11.700 илјади топки се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи, младински конкуренции и детски лиги, додека 1300 фудбалски топки ќе добијат клубовите кои се натпреваруваат во женските лиги. 

Набавката на досега најголемиот број на фудбалски топки по сите стандарди на ФИФА произведени и со дизајн за ФФМ, Управниот одбор на Федерацијата ја најави кон крајот на минатата година, а во текот на следната седмица клубовите веќе ќе можат да ги користат за тренинзи и натпревари.

Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија уште еднаш ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …