Дома Фудбал Италија „Роналдо не е тимски играч, сака само да ја добие топката за да даде гол“

„Роналдо не е тимски играч, сака само да ја добие топката за да даде гол“

Легендарниот голман на Интер Валтер Ѕенга е презадоволен од тоа што „нероаѕурите“ предводени од Антонио Конте сезонава се на чекор од освојување на титулата во Серија А.

Во разговорот за италијанското „Радио1“ Ѕенга освен за одличната сезона на Интер зборуваше и за Роналдо. Јувентус во неделата успеа да ја победи Џенова со 3:1, меѓутоа Роналдо беше во центарот на вниманието поради реакцијата и по мечот кога го фрли дресот. Медиумите пишуваа и дека Португалецот бил лут и во соблекувалната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Роналдо никогаш не бил лидер и нема да биде. Тој е како една компанија која го гледа својот интерес, Роналдо не работи за соиграчите, сака само да му дадат топката за да де гол, не е тимски играч. Покажаната нервоза докажува дека станува свесен дека не влијае доволно на теренот“, изјави Валтер Ѕенга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крај на сагата? Влаховиќ прифати услови во новиот клуб

Трансфер сагата наречена Душан Влаховиќ продолжува! Јувентус веќе подолго време сака да се…