Францускиот напаѓач Џибрил Сисе после две години одлучи да се врати од пензија.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул кариерата ја заврши во 2019 година, а последниот ангажман го имаше во швајцарскиот Јевертон-Спорт во кој помина една сезона.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Потоа Сисе одлучи да ја заврши кариерата, но две години подоцна се враќа на фудбалските терени.
Имено, овој 39 годишник денес потпиша договор со Панатинаикос од Чикаго, клуб кој се натпреварува во четвртиот ранг на американскиот фудбал.
Овој клуб е основан пред две години од страна на татко и син кои се големи навивачи на грчкиот Панатинаикос за кој своевремено играше Сисе.
