Дома Фудбал Англија Јунајтед со пресврт го исфрли Мурињо од трката за ЛШ🎥

Јунајтед со пресврт го исфрли Мурињо од трката за ЛШ🎥

Манчестер Јунајтед стигна до голема победа во дербито со Тотенхем (3:1), иако тимот на Мурињо имаше предност на полувреме.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата тима одиграа фантастичен натпревар со многу возбудувања. Во 35-та минута Кавани постигна гол, но ВАР реагираше и беше поништен бидејќи Мектомини претходно направи гаул над Сон.

Само неколку минути подоцна Тотенхем поведе преку еден контранапад, а стрелец беше токму Сон.

Во второто полувреме видовме целосна доминација на Манчестер Јунајтед. Во 57-та минута Фред израмни на 1:1, а Кавани направи целосен пресврт во 79-та минута.

Тотенхем се обиде да израмни, ја погоди и пречката, а во последната минута Гринвуд ги постави конечните 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид објави официјално соопштение за Енцо Фернандез!

Реал Мадрид јасно соопшти дека нема интерес за kупување на капитенот на Челси, Енцо Фернан…