Легендарниот возач во Ф1, Михаел Шумахер веќе седум години се лекува после страшната несреќа што му се случи додека скијаше на Алпите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На барање на семејството лекувањето се извршува во тајност. Никој не знае повеќе детали за неговата здравствена состојба освен најблиските и во јавност не се појавуваат никакви информации.
Меѓутоа, најавен е документарен филм „Шумахер“, кој треба да даде одговор на прашањата и да се открие целата мистерија за здравјето на возачот.
Семејството на Шумахер даде согласност и ја отвори вратата од својот дом, иако пред да се снима документарецот, тие постојатно бегаа од јавност и не откриваа никакви детали.
Во филмот, чија промоција претходно беше откажана поради пандемијата на ковид-19, ќе се појави и неговата сопруга, брат, ќерка и син, кој исто така вози во Ф1.