Реал Мадрид е заинтересиран да го врати 23-годишниот репрезентативец Серхио Регулион, кој беше продаден во Тотенхем во последниот преоден рок.
Според извори од клубот, продажбата на Регулион била грешка, особено што 33-годишниот Марсело игра очајно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
23-годишниот дефанзивец се пресели во Англија во септември оваа година за 30 милиони евра. Меѓутоа во неговиот договор има клаузула за враќање во Мадрид за 45 милиони евра, што челниците на Реал Мадрид ќе се обидат да ја искористат.
Самиот Регулион не ја исклучува можноста да се врати на „Сантиаго Бернабеу“, особено поради фактот што Марсело на лето ќе го напушти клубот.