Милан е пред победа во денешниот натпревар на гости против Парма, а натпреварот го обележа Златан Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ прво после само осум минути игра одлично асистираше за водство на Милан. Швеѓанецот одлично го проигра Ребиќ во шеснаесетникот кој ја погоди мрежата за водство. Кеси кон крајот на првото полувреме зголеми на 0:2.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После само 15 минути игра во второто полувреме Ибрахимовиќ поради приговор кон главниот судија доби директен црвен картон.
Шест минути по црвениот картон на Ибра Парма намали на 1:2, но „млекарите“ немаа сили за нешто повеќе. Леао во 94. минута ги постави конечните 1:3.
Zlatan Ibrahimovic has been sent OFF with a straight red! 😱
— Goal (@goal) April 10, 2021
Milan are now down to 10 men! pic.twitter.com/nfgPfiMBNB